Пет лица се повредени во украинското гранатирање на Шебекин во Белгородската област, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.
Тој изјави дека три лица се хоспитализирани, пренесува РИА Новости.
„Шебекино е под постојан оган и тоа на полноќ, во 3.40 и во 5.15 часот вооружените сили на Украина го гаѓаа центарот и периферијата на градот“, напиша Гладков на својот канал Телеграм.
Тој прецизираше дека директно била погодена приватна куќа, при што настанал пожар, дека се оштетени многу прозорци и тераси на куќи и станбени згради, а зафатени се и административни згради.