Бебе почина во вжештено возило, родителите додека беа на миса и го оставија само три часа

Од:

Единаесет месечно бебе почина откако родителите го оставиja во жежок автомобил додека беа во црква во Флорида.

Полицијата доби повик од баптистичката црква Mount of Olives во Палм Беј. Според пријавата, бебето не реагирало. Според властите, бебето било оставено во возилото околу три часа додека неговите родители биле на миса, пишува Индипендент. Бебето од итните служби е пренесена во болница каде лекарите констатираа смрт.

– Ова е несреќа и упатуваме сочувство и молитви до семејството – изјави началникот на полицијата во Палм Беј, Марио Ауџело.

Истрагата е во тек, а полицијата не соопштува дали ќе биде поднесена пријава против родителите кои не се именувани.

Флорида е на второ место во САД по бројот на смртни случаи на деца во автомобили.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна