Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Арбен Гаши денеска оцени дека санкциите на САД против Косово, по напнатата ситуација на северот, се „крајно опасни“ и дека однесувањето на Албин Курти е „арогантен и неразумен“.
„Косово во никој случај не треба да се соочи со американски санкции“, рече Гаши.
„Ситуацијата низ која минува земјата е крајно деликатна, така што не можеме да се однесуваме како ништо да не се случува“, рече тој и додаде дека она што „се гледа деновиве во северниот дел на земјата е исклучително чувствително“ и дека „потребна е свесност, политичко однесување и постапки кои се во интерес на државата“.
Според неговите зборови, Курти во моментов се однесува арогантно и неразумно, „особено со изјавите што ги дава кон највисоките функционери на земјите партнери“.
– На Косово не му треба таков премиер, ваквото однесување со меѓународните партнери воопшто не е потребно, денес повеќе од кога било потребно ни е внатрешно единство и постојана меѓународна соработка – рече Гаши.