Кадиров: Добивме наредба да започнеме офанзива

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави дека добил наредба да ги прераспореди своите сили во Доњецката Народна Република (ДПР) во источна Украина, поддржана од Москва.

„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Територијата на Доњецката Народна Република станува зона на одговорност“, напиша Кадиров.

„Според наредбата, борците на чеченските единици мора да започнат активни борбени операции и да ослободат голем број населени места. Според Кадиров, „борбените единици се подготвуваат за јуришни активности со активна поддршка на Министерството за одбрана и Генералштабот на руските вооружени сили“.

Кадиров рече дека другите единици на неговиот баталјон Ахмат, кои се наоѓаат на „алтернативните делови од контактната линија меѓу регионите Запорожје и Херсон“, добиле „слични наредби да ја започнат офанзивата“. Таму се вршеа и тактички тренинг активности, распределба на задачите меѓу командантите и борците, проучување на теренот и распоредување на непријателските сили“, додаде чеченскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна