ВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе исплати 11 милиони евра за 5 специјалисти за надзор на коридорите

Од:

„Власта ќе исплати 11 милиони евра за 5 специјалисти за надзор на коридорите. Само за споредба со оваа сума бил изграден половина од експресниот пат Штип-Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие пет лица ќе бидат ангажирани за коридорите и ќе добиваат по 36.500 евра месечно, што е астрономска плата која не ја земаат ниту претседателот на САД, ниту директорот на НАСА.

Владата молчи за ова исто како што молчи за целиот скандалозен договор.

Овие средства кои власта ќе ги исплаќа за овие ултра-скапи специјалисти се надвор од сумата од 1,3 милијарди евра кои ќе се потрошат за изградбата на коридорите.

Никој веќе не знае колку вакви дополнителни трошоци, експерти, специјалци, хонорари има во овој скриен договор на Груби и Ковачевски.

За овие прашања мора да има одговори од власта, но и одговорност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било