Уште едно македонско возило оштетено во Грција, вкупно 63

Од:

Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување возило пријавен од македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 63.

На граничниот премин „Богородица“ вчера С.А. од Скопје, кој управувал со патничко моторно возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во местото Сани Бич му биле прикриени ознаките МК со црвен спреј. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција биле регистрирани вкупно 63 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички.

Како што информираат од МВР, 36 случаи на оштетување возила биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 34, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони