МВР со детали за вчерашната сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Од:

Вчера во 12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот З.Ѓ. од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Г.Л. од село Будинарци, беровско, извести МВР.

– На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, додаде МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва