(ВИДЕО) Ковачевски – Лајчак: Северна Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава, оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023.

На средбата, премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата, Северна Македонија како и досега да придонесува за унапредување на регионот како и за неговата мир и стабилност. Премиерот потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот.

Ковачевски ја истакна максималната посветеност на Владата на реформскиот процес во земјава како и на процесот на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ. Двајцата соговорници истакнаа дека во државата е потребен политички дијалог и сите општествени, политички, невладини, граѓански чинители во државата потребно е да постигнат консензус како не би се кочел процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

На средбата од страна на премиерот Ковачевски беше нагласено дека брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ би спречило чувствителните точки во регионот да ја нарушат безбедноста и стабилноста, а со тоа и да го закочат економскиот развој на регионот.

Ковачевски и Лајчак повикаа на итна деескалација на состојбата во Косово и враќање на мирот и стабилноста. Премиерот Ковачевски повтори дека Северна Македонија го поддржува продолжувањето на соработката и координацијата со НАТО и ЕУ во регионот во насока на консолидирање на стабилноста и забрзување на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината