ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно

Од:

„Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно. По 36.500 евра месечно за 5 специјалисти ќе плаќа владата, на трошоците за коридорите уште непочнати им нема крај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со парите за ангажирање на овие 5 специјалисти, власта може годишно да финансира изградба на две градинки, едно училиште или да набавува по 40 целосно опремени амбулантни возила.

Наместо на инвестиции, и работи неопходни за граѓаните Ковачевски се расфрла со парите на народот.

Дополнителни најмалку 11 милиони евра ќе бидат исплатени за ангажирање на 5 специјалисти за надзор, надвор од првично предвидените 1.3 милијарди евра.

Трошоците за изградба на коридорите, кои се уште не се почнати немаат крај. Потребни се промени и одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС