МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, додаваат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ