Трактор се преврте во канал, загина 63-годишник

Од:

63-годишен жител на селото Младо Нагоричане го загуби животот откако тракторот на кој бил сопатник се преврте во канал на локален пат во кумановско. Тој починал на местото на несреќата, смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Во несреќата повредена е и малолетничката која го управувала тракторот.

– На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, информира МВР.

Би можело да ве интересира

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец

Велешанец продавал „благословени тегли“ на интернет, приведен е

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, оштетена на Кочо Рацин