Спасена е и пренесена во болница жена која со часови висеше од карпа на Вележ.
Како што јавуваат хрватските медиуми, акцијата за спасување завршила утрово во 4 часот и 30 минути. Повеќе информации за состојбата на повредената болницата ќе соопшти во текот на денот, но според првичните информации десната нога и ребрата и се повредени.
Таа била во група од 12 планинари од Загреб. Во еден момент се лизнала и паднала во провалија и останала да виси на карпата.
Во спасувачката акција учествуваа повеќе од 100 спасувачи, а спасувањето било тешко поради крајно непристапната локација.
„Во планинскиот предел Вележ кај месноста Вита Фелале се случи несреќа во која е повреден државјанин на Република Хрватска. Во тек е спасувачка акција“, соопштија вчера од Кантоналната управа на ЦЖ ХНК.
Претходно припадниците на хеликоптерската служба и по 20 летови не можеа да се доближат до повреддената планинарка.