Украинката Марта Костјук беше исвиркана по мечот со Белорусинката Арина Сабаленко на Ролан Гарос.
По поразот Костјук му подаде рака само на судијата, а навивачите тоа го дочекаа со свирежи.
– Мислам дека луѓето треба да се срамат што ми свират. Сакам да видам како ќе реагираат за десет години кога ќе се сетат на ова и кога ќе заврши војната. Сигурно нема да им биде удобно, таа рече.
Таа откри и зошто не ја подаде раката.
-Таа никогаш лично не кажа дека е против агресија врз Украина. Таа само користеше општи фрази за тоа како se сите против војната.