Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва по вториот круг од претседателските избори им се заблагодари на граѓаните кои нему и на неговата партија му дадоа нова доверба, како што рече, да ја водат земјата во следните пет години.
„Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствениот победник на овие избори е Турција, победија сите 85 милиони луѓе во нашата земја. Вашата волја стана турската сила, неуништлива сила“, Ердоган рече во обраќањето пред поддржувачите во Истанбул.
Според податоците на таа турска агенција, врз основа на 98,52 отсто од преброените гласови, Ердоган освоил 52,11 отсто од гласовите, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 47,89.