Во Турција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во чии рамки граѓаните избираат меѓу актуелниот и долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу. Досега се евидентирани одредени неправилности.
İstanbul-Kadıköy Şenesenevler Mualla Selcanoğlu Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi’ne gelen bir grup gelip olay çıkartıyor, sonra da olayı kayda alan kadınların üstüne yürüyor. Polis ilk başta olaya müdahil olmayıp işler büyüyünce biber gazı ve copla müdahelede bulunuyor. @susuzey pic.twitter.com/n59Tb4xlh7
— emine bıçakcı (@eminebicakcii) May 28, 2023
Како што јавува репортерот N1 од Истанбул, еден од набљудувачите на ЦХП бил нападнат на избирачкото место, наводно затоа што сакал да ги спречи мажите да гласаат наместо жените. Телефонот му бил скршен.
Неколку лица се обиделе да гласаат во Сариер и Кадикој во Истанбул без лична карта. Тие се спречени да го направат тоа. Тепачка настанала во населбата Бостанци во Истанбул. Наводно, членови на АК партијата нападнале граѓани.
— Sultan Baybars Göktürk (@gokturkbaybars1) May 28, 2023
Член на партијата МХП, која е во коалиција со партијата АК на Ердоган, се обиде да го стави своето гласачко ливче во две гласачки кутии. Тој рече дека не знаел дека тоа е кривично дело.
Напнатост имаше и во училиштето во Истанбул каде гласаше Ердоган. Некои гласачи му се обратија гласно. Еден од нив извикал: „Се обидувам да те добијам 10 години“.
Истовремено, пет лица се приведени поради недолични објави на социјалните мрежи во врска со претседателските избори. Набљудувачите известуваат дека излезноста е помала отколку на изборите пред 14 дена.
Ахмет Јенер, претседателот на Врховната изборна комисија, рече дека изборите се одвиваат во најдобар ред.