Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска не се пуши на затворени јавни места, во јавниот превоз, но и во автомобили каде има малолетни лица, откако стапи во сила Законот за забрана за пушење на јавни места.
Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се трошат цигари ќе треба на видливи места да стават знак „забрането пушење“, пренесува Независне новине.
Пепелниците и другите садови за складирање на пепел не смеат да бидат изложени во зградата, а пушењето е дозволено само во посебни простории наменети за оваа намена.