Армин Берберовиќ, кој предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина младата докторка Азра Спахиќ, денеска е донесен на распит во обвинителството во Сараево.
Младиот Берберовиќ направи сообраќајна несреќа возејќи „мерцедес“ без возачка дозвола и во пијана состојба.
„Аваз“ дознава дека надзорните камери од хотелот „Загреб“, кои биле прегледани од надлежните органи, го снимиле Берберовиќ како со голема брзина доаѓа од правец на Скендерија. За да ги избегне возилата на шините, кои му го попречиле патот, свртува во улицата Долина и удира во три девојки.
Азра Спахиќ (25) починала на лице место.
Полицијата се сомнева дека возел повеќе од 100 километри на час.
Берберовиќ зад себе има бројни сообраќајни прекршоци. Аваз дознава дека има и неплатени казни во висина од илјада евра. Автомобилот му бил одземен неколку пати и бил исклучен од сообраќај.
Сообраќајната несреќа, да потсетиме, се случи околу 23.30 часот во центарот на Сараево кога Армин Берберовиќ (27) со возило „мерцедес“ налета на три девојки. Спахиќ почина на лице место, додека двете повредени девојчиња се пренесени во болница.