Русите синоќа со дронови масовно го нападнаа Киев, едно лице загина

Од:

Киевската противвоздушна одбрана собори повеќе од 40 беспилотни летала лансирани од Русија во главниот град во текот на ноќта на 28 мај. Градската воена управа на Киев соопшти дека тоа е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на руската инвазија, пишува Киев Индипендент.

Администрацијата на Телеграм напиша дека главно се работи за беспилотни летала Шахед од иранско производство и дека нападот се случил во неколку бранови.

Првите експлозии во главниот град беа пријавени по eден часот по полноќ по локално време. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напиша на Телеграма по три часот по локално време дека противвоздушната одбрана на градот е повторно во акција за соборување на беспилотни летала над Киев.

Според локалните власти, едно лице загинало, а најмалку едно е повредено како последица на остатоците од соборените дронови. Нападот со дрон е 14-ти масовен напад врз Киев од почетокот на мај.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски