Вучевиќ: На 24 јуни ќе ги конституираме партиски тела, потоа ќе се приклучиме на движењето

Од:

Новоизбраниот претседател на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, денеска во Крагуевац, по вонредната седница на партиското собрание, најави дека на 24 јуни ќе се конституираат партиските тела, а потоа ќе се приклучат на големото народно движење.

Вучевиќ рече дека најголемото наследство што го наследил од претседателот Александар Вучиќ во однос на партиската политика е тоа што интересите на Србија се пред се.

Потсети дека СНС секогаш пред се, се грижела за татковината и за интересите на Србија, па дури потоа партиските интереси можеле да дојдат до израз.

– Ќе продолжиме да работиме заедно, со Извршниот комитет на чело со Дарко Глишиќ, на 24 јуни ќе го избереме Главниот комитет на партијата, Претседателството, заменик-претседателот, потпретседателите и се што понатаму ќе се конституира во органите на партијата, со што ќе се заокружи целиот процес. Кон крајот на јуни, како што нагласи, се приклучуваат на големото патриотско народно движење, кое го сфаќаат како повик за зајакнување на политичкиот фронт за државата – реќе Вучевиќ.

Тој додаде дека прашањата со кои ќе се соочи Србија во наредниот период ќе бидат многу попредизвикувачки, особено во однос на Косово.

Затоа, како што нагласи, важно е СНС да има широка политичка перцепција и да дава шанса да се вклучат членови на други партии, како и оние кои сакаат да останат непартиски личности, како би се бореле за силна и обединета Србија.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: До крајот на неделата вести за оставките, обвинителството треба да излезе со информации за истрагата

Вучевиќ од Нови Сад: Ќе инсистираме да се најдат одговорните

Вучевиќ: Верувам дека интересот е да се споиме преку брза пруга помеѓу нашите две држави, Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена

Регионалното поврзување како дел од идното интегрирање во ЕУ останува приоритет за двете држави, кажаа Мицкоски и Вучевиќ

На Македонија поодамна требаше да и биде дадена можност за напредок кон ЕУ, вели српскиот премиер Вучевиќ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Официјален пречек на српскиот премиер Вучевиќ пред Владата