Киев од Берлин бара крстосувачки ракети Таурус, тие имаат дострел од 500 километри

Од:

Украина побара од германската влада да и испрати крстосувачки ракети Таурус додека Киев се обидува да се одбрани од руската инвазија која започна минатиот февруари. Барањето на Киев е добиено пред неколку дена, изјави вчера вечерта портпаролката на германското Министерство за одбрана.

Сепак, деталите од барањето, вклучително и количеството оружје што го бара Киев, остануваат нејасни. Пред неколку дена, Родерих Кизеветер, претставник на опозицијата од редовите на демохристијаните во германскиот парламент, го поддржа испраќањето на ова оружје.

– Проектили со дострел до 500 километри ќе и овозможат на нападнатата земја „да ја таргетира руската воена инфраструктура далеку зад линијата на фронтот“, рече тој.

Веста за барањето дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека продолжува да бара поддршка од западните партнери.

„Ќе направиме се што е можно и невозможно да ја забрзаме испораката на нови, поквалитетни системи за противвоздушна одбрана во Украина“, рече тој во петокот во видео обраќањето, додавајќи дека тоа е „буквално секојдневна тема во соработка со партнерите“.

– Украина постигнува побрз напредок во модернизацијата на одбраната отколку што можеше да се предвиди пред шест месеци, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски