(ВИДЕО) Зеленски по нападот на болницата во Днипро: Руските војници се апсолутно болни суштества

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерашното обраќање до нацијата ги осуди руските војници кои стојат зад смртоносниот ракетен напад врз медицинската клиника во Днипро и рече дека тие се „апсолутно болни суштества“.

Тој рече дека две лица загинале, а над 30 луѓе се повредени. „Тоа е чист криминал. Русите одат со проектили и балистика против болницата и ветеринарната клиника. Тие се апсолутно болни суштества“, рече тој.

Зеленски рече дека Украина прави се што е можно за да добие понапредна воздушна одбрана.

„Веќе има значителен напредок во тековните напори да се убедат западните сојузници да ја снабдат Украина со модерни борбени авиони, кои ќе станат клучна компонента на одбраната на Украина. Се движиме побрзо во модернизацијата на одбраната отколку што можеше да се предвиди пред шест месеци“, кажа Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски