ВИДЕО: Објавена снимка од „ослободениот“ Бахмут

Од:

Рускатановинска агенција РИА објави видео снимено со дрон во украинскиот град Бахмут, кој од неодамна е целосно под контрола на руските сили.

„Ужасни, апокалиптични сцени од урнатините на Бахмут по 10 застрашувачки месеци руски напади, користејќи некои од најбруталните оружја и тактики“, објави Кристофер Милер, дописникот на Фајненшл Тајмс за Украина, покрај видеото.

Градот беше целосно уништен во најдолгата и најкрвавата битка на војната во Украина. Се проценува дека во битката за Бахмут животот го загубиле десетици илјади руски и украински војници. Пред војната во Бахмут живееја околу 70.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ