Нови напади на Киев

Од:

Воените власти во главниот град на Украина, Киев, известија за зголемена закана од руски ракетни напади во раните утрински часови и соопштија дека воздушната одбрана работи.

Русите извршија стотици ракетни напади врз цели низ Украина од октомври минатата година, настојувајќи да ја уништат критичната инфраструктура и други цели. Во последните неколку недели, Украина соопшти дека ги оневозможила повеќето проектили.

„Зголемена ракетна закана! Во регионот работи противвоздушната одбрана“, објави Киевската регионална воена управа во порака на Телеграм. Засега нема детали за евентуална штета.

Претставниците на Киев соопштија дека воздушната одбрана на градот ги одбила сите руски напади врз главниот град во текот на ноќта. Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм изјави дека нападот го извршиле стратешките бомбардери Ту-95 Ту-95МС од регионот на Каспиското Море, а веројатно и крстосувачките ракети Х-101/555.

Податоците за жртви и разурнувања се уште се утврдуваат, рече Попко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија