Семејството на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ првпат по маскрот проговори преку адвокатска канцеларија.
„На тој 3. мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме сочувство до секое семејство за нивната загуба, кои се наша загуба. Засекогаш во тага“ – се вели во соопштението кое го пренесуваат српските медиуми.
Писмото е потпишано од семејството на детето-убиец.
Мајката на момчето убиец вчера беш сослушана во полициската управа во Белград каде требало да одговори на 10 прашања за да се утврди дали имало запуштеност или злоупотреба на момчето, а во наредните денови ќе биде сослушана и во Првото основно јавно обвинителство.