18-годишник не застанал на знак за запирање, удрил во полициско возило и повредил полицаец

Од:

Вчера попладне во 14.10 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода 18-годишниот Л.В. од Скопје, извести МВР.

– Тој се сомничи дека во 10.55 часот на крстосница од булеварите „Партизански одреди“ и „Св.Климент Охридски“, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, по што го напуштил местото, соопшти МВР.

Во незгодата со повреди се здобил полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот