Шефот на Светската здравствена организација ги повика сите земји членки на ОН да ги спроведат реформите неопходни за да се подготват за следната пандемија.
Говорејќи пред собранието неколку недели по завршувањето на глобалниот итен статус за пандемијата „Ковид-19“, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека е време да се постигне напредок во преговорите за да се спречи следната пандемија.
„Не можеме да го игнорираме“, рече генералниот директор на СЗО во големото обраќање до земјите-членки на ОН, предупредувајќи дека следната пандемија сигурно ќе се случи.
„Ако не ги направиме промените што ни се потребни, кој ќе ги направи? И ако не ги направиме сега, кога ќе ги направиме?“, праша тој.
Гебрејесус посочи дека светот треба да се подготви за болест посмртоносна од Ковид.
„Сè уште постои закана дека ќе се појави варијанта на вирусот што ќе биде посмртоносна од сите претходни“, рече тој.