Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Романија околу 18.15 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југоисточно од градот Арад, на длабочина од два километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Да потсетиме, ова е трет земјотрес во претходните 24 часа на територијата на Романија.