Владата одлучи: Исплата на пензиите од 29 мај

Од:

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2023 година, предложена од Министертсвото за труд и социјална политика.

Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од 29.5.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:

·за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.5.2023 година (понеделник);

· за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.5.2023 година (вторник);

·за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.5.2023 година (среда) и

·за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1.6.2023 година (четврток).

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година.

За време на реализацијата, како што е објаснето од предлагачот, ќе се зајакне партнерството и соработката помеѓу нашата држава и останатите сојузници во рамките на НАТО и ќе се прошири и збогати билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Романија.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ