Банда од Балканот „падна“ во Шпанија: Украдоа накит вреден милион евра, а ограбија и познат фудбалски тренер

Од:

Шпанската полиција во рамките на акцијата „Небок“ уапси 15 членови на организирана криминална група, меѓу кои и Срби, за милионски грабежи во провинциите Аликанте, Кастелон и Валенсија, пишува шпанскиот портал „Ел Паис“.

При апсењето кај осомничените е пронајден накит вреден над 900.000 евра. Уапсените се обвинети и за кражба на вреден накит од познат шпански фудбалски тренер.

Полициската акција беше спроведена кога припадниците на Цивилната гарда претресоа четири куќи во Валенсија, Кастелон и Аликанте и уапсија 15 осомничени, меѓу кои Срби, Хрвати, Босанци и Чеси, под сомнение дека извршиле неколку спектакуларни грабежи.

– Членовите на бандата, од кои повеќето се од земјите на поранешна Југославија, се осомничени за серија грабежи во кои е украдена стока вредна милион евра. Тие се осомничени дека ограбувале низ цела Шпанија, користејќи лажни документи и дека меѓу нивните жртви има и некои познати јавни личности од оваа земја – се вели во текстот.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски