(ВИДЕО) Страшен масакр на рели: Маскирани напаѓачи ја нападнаа трката, убија десет и ранија девет лица

Од:

Во масакрот што се случи на околу стотина километри од границата меѓу САД и Мексико, загинаа десет лица, а уште девет се ранети. Страшниот напад се случил во Сан Висенте, недалеку од градот Енсенада.

Пукањето се случи во текот на последниот ден од дводневниот рели теренски возила, а за него, според тамошните медиуми, е одговорен локалниот нарко картел.

Неколку напаѓачи излегоа од најмалку две сиви комбиња вооружени со пушки и отворија оган врз насобраните учесници на релито.

Градоначалникот на Енсенада најави дека државниот обвинител ангажирал специјална работна група за да го истражи овој страшен случај.

Би можело да ве интересира

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД