Татко и син затворени за измама на лотарија, незаконски заработиле 20 милиони долари

Од:

Татко и син од Масачусетс се осудени на затворски казни за измама на лотарија поради која се збогатиле додека им помагале на добитниците на награди да избегнат плаќање данок, соопшти денеска американското обвинителство во Бостон.

Али Џафар (63) и Јусеф Џафар (29) се осудени на пет години затвор, пренесува АП, додавајќи дека им е наложено да платат шест милиони долари оштета на државата.

Двајцата купиле добитни тикети со попуст од луѓе кои сакале да избегнат да бидат идентификувани како добитници од државната комисија за лотарија за задржување данок.

После тоа, таткото и синот ја барале паричната награда.

Тие ги пријавиле добивките, но истовремено во даночните пријави тврделе дека ги изгубиле истите средства коцкајќи за да избегнат плаќање федерален данок на доход.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Тетовец остана и без пари и без возило