Кадиров: Планираат да ме убијат, но и да ме убијат, ќе победиме

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави за руската државна телевизија „Русија-1“ дека украинските и западните специјални служби подготвуваат терористички напади за да го убијат. „Тие прават се за да се ослободат од мене. Има информации дека европските разузнавачки служби подготвуваат терористички напади против мене преку украинските разузнавачки служби“, рече тој.

Истовремено, Кадиров изрази уверување дека во секој случај ќе загубат сите што планираат да го убијат. „Ако ме убијат илјада пати, ние сепак ќе победиме. И ако умреме, ќе победиме! Ако останеме живи, ќе победиме 100 отсто. Тоа што тие (Украинците) го сакаат нема да се оствари“, додаде Кадиров, пренесува државната новинска агенција РИА Новости.

Тој ги коментираше и зборовите на шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов, кој неодамна изјави дека украинските специјални служби „убивале и ќе продолжат да убиваат Руси каде било во светот до целосна победа“. Според Кадиров, Буданов нема иднина „бидејќи рускиот народ има свои бранители“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, неколку истакнати Руси беа убиени. Во август минатата година, новинарката и политиколог Дарија Дугина загина во експлозија на автомобил-бомба, а минатиот месец во експлозија во Санкт Петербург загина воениот блогер Владлен Татарски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски