Револтот на дел од родителите го предизвика одлуката на училишната управа во Белград учениците да се вратат на настава една недела по невидената трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Дури денеска Министерството за образование излезе со препорака децата кои не се подготвени да не мора да одат на училиште.
Многу родители сметаат дека е рано, една од нив е Бојана Недељковиќ, мајка на ученичка од седмо одделение во ова училиште.
Taa е и заменик-претседател на советот на родители на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар и мајка на седмоодделенец од ова училиште, кој тој трагичен ден бил во друга училница. Таа и нејзиниот сопруг Душан Недељковиќ решија уште да не го праќаат синот на училиште.
– Мојот став е дека враќањето на училиште по 7 дена по ваков масакр е, најблаго кажано, срамна одлука. Тоа лежи на непристојноста и несолидарноста. Враќањето на децата во истите клупи и глумењето нормалност ден по 9-те погреби на кои присуствуваа е кривично дело. Што им кажуваме и што ги учиме? Дека е потребно само да се измијат подовите и се е исто како порано. Изгубија пријатели, ја изгубија безбедноста, се во големи маки и единствено што не требаше да се случи е поделбата на децата на оние што одат на училиште и оние што не одат. Покрај тоа што е непристојно, тоа е и опасно. Децата кои не одат на училиште може да се чувствуваат изолирани, може да се чувствуваат виновни или најопасно, можат да мислат дека се слаби. Ништо што се случи од тоа утро до денес, не направивме за децата – вели Бојана.