28-годишен прилепчанец загина во тешка сообраќајка на Плетвар

Од:

28-годишен прилепчанец го забуби животот во сообраќајна несреќа во се случи вчера на патот Прилеп-Росоман на Плетвар. Тој управувал со мотоцикл кој се судрил со камион „фолксваген крафтер“ кој го управувал жител на Арачиново. Прилепчаноецотп очинал на местото на несреќата, а смрт констатирала лекар од Итната помош.

– На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп. Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштува МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“