Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Србија, Данило Стевандиќ изјави дека присуството на полицијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград ќе биде зголемено од понеделник, кога ќе продолжи наставата, која беше прекината по маскарот во кој беа убиени 10 ученици и вработениот во обезбедувањето.
Стевандиќ за Српската радио-телевизија изјави дека по смена ќе бидат ангажирани по шест полицајци, односно двајца полицајци од општа надлежност, како и двајца полицајци од сообраќајната и криминалистичката полиција.
„Нивната задача, генерално на сите училишни полицајци, е да ги координираат безбедносните приоритети со директорите на училиштата и, покрај преземањето мерки за заштита на учениците и училиштата, да го фокусираат своето внимание на рано откривање на можни ризици и закани“, рече Стевандиќ.