Се огласи директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ по барањето на родителите да биде суспендирана

Од:

Снежана Кнежевиќ, директорка на ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде на 3 мај тринаесетгодишен ученик уби десет ученици и чувар, за српските медиуми кратко ги коментираше барањата на родителите испратени до Министерството за образование.

Родителите меѓу другото побараа итно суспендирање на директорката Кнежевиќ, како и на психологот и училишниот педагог. Директорката Кнежевиќ во овој момент не сакаше детално да разговара за сите барања на родителите VII/2:

„Кога ќе го добијам нивното официјално барање, тогаш можам да коментирам и да одговорам, а сега не можам да кажам ништо бидејќи се уште не сум добила ништо официјално. Претпоставувам дека ќе го добијам и тој допис“, кратко изјави Кнежевиќ.

Родителите на учениците од VII/2 одделение од Основното училиште „Владислав Рибникар“ кои го преживеаја масакрот, испратија писмо до Министерството за образование во кое, меѓу другото, бараат итно суспендирање на директорката на ова училиште.

Тие во писмото наведуваат дека бараат „итна и без натамошно одлагање суспензија на директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ Снежана Кнежевиќ до завршување на истрагата и утврдување на нејзината лична одговорност за трагичниот настан што се случи и последователен третман на учениците и родителите од VII/2 одд.“

Тие бараат и итна суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан. Меѓу причините за незадоволството од работата на директорката, родителите навеле:

– речиси постојано избегнување навремено и точно информирање на родителите од VII/2 клас за тоа што прават училиштето и надлежните органи по овие и други прашања, но тие информации се добиваат од медиумите

– Избегнување на писмена комуникација со родителите од страна на директорот на училиштето и покрај тоа што родителите поставувале одредени прашања и предлози писмено – по е-пошта

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата