Грабеж и пукање во скопско Маџари

Од:

Кумановец кој издржувал затворска казна во „Идризво“ утрово побегнал од институцијата и со закана од оружје оргабил облажувачница во скопската населба Маџари. Полицијата го привела, а при аспењето една од полицајците испукал предупредувачки куршум.

– Денеска (20.05.2023) околу 09.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“. Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа