Силен земјотрес ја погоди областа во Тихиот Океан југоисточно од Нова Каледонија

Од:

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во Тихиот Океан југоисточно од Нова Каледонија, каде населението беше евакуирано од брегот поради опасност од цунами. Помалите плимни бранови, до пет метри стигнаа до брегот на Вануату .

Вануату, Фиџи, Нов Зеланд, Нова Каледонија и Кирибати се во состојба на висока готовност по земјотресот што го погоди морето во близина на островот Лојалти.

Земјотресот бил на длабочина од 37 километри и на 333,8 километри од брегот, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами процени дека цунами може да се случи во радиус од 1.000 километри околу епицентарот.

„Нема копнена закана за австралиското копно или австралиските територии“, се вели во соопштението на Бирото за метеорологија.

Бранот ќе го погоди островот Лорд Хау околу 16:15 часот по локално време доколку се случи цунами, соопшти бирото.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија