„Наставник извикувал – Има ли живи?“, откриени нови грозоморни детали, што се случувало во „училиштето на смртта“

Од:

Мајката на една од жртвите на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога ученик уби девет негови соученици и обезбедувачот Драган В., зборуваше за српските медиуми и откри нови детали за крвавиот масакр.

Мајката истакна дека и на наставниците и на децата им е тешко да продолжат, а издвои еден херојски чин на учител кој не го именуваше, но нагласи дека бил присебен.

– Еден наставник тој ден истрчал од спратот надоле, откако го слушнал пукањето, мислел дека некој влегол од страна, барем двајца-тројца, така звучело – рафален оган. Кога ги видел телата, се вратил горе на спратот и ги одвел децата до излезот, а потоа влегол во одделението каде се пукало и извикал: „Има ли живи?“, раскажа таа за медиумите.

Како што вели, се уште има наставници кои се уште не се свесни што се случило, а има и такви кои можеби не ги разбираат размерите на ова злосторство. А до каде е траумата кај децата, вели, останува да се види.

На кобниот 3-ти мај во 08:40 часот, малолетник убиец со пиштол во рацете упадна во училиштето и од врата го застрела чуварот Драган Влаховиќ, кој почина од повредите.

Убил уште три девојчиња во ходникот, меѓу кои и девојчето чија мајка ги кажа овие нови детали.

После тоа упаднал во кабинетот по историја кој се наоѓал веднаш до вратата и продолжил со крвавиот поход. Таму уби пет ученици и рани повеќе.

Десеттата жртва им подлегна на повредите по 12 дена борба за живот, во која учествуваа лекарите од Универзитетската детска клиника во Тиршова. Таа беше погребана вчера.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата