Поднесено обвинение за узурпација на дворот на поликлиниката „Бит Пазар“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело узурпација на недвижности.

Двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го употребат за изградба на паркинг.

„Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски