Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Од:

Нема замрзнување на платите, такво нешто во никој случај не е кажано. Напротив во последните три-четири години постојано во цел јавен сектор има движење на платите како што се образованието, здравството, безбедносните структури, инспекторатите, судството, обвинителството. Значи секаде каде што е констатирана потреба, секоја година имало корегирање на платите нагоре, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во изјава за медиумите, Бесими повтори дека мора да има системско и финансиски одржливо решение за платите кое ќе важи за целиот јавен сектор бидејќи сегашниот систем на плати, како што рече, е фрагментиран и има парцијални решенија кои делумно ги решаваат работите.

– Во синдикатите гледаме партнер да ги решиме овие работи. Треба да има едно системско, одржливо решение коешто ќе важи за сите во јавниот сектор и со кое ќе нема потреба секои шест месеци да се преговара со синдикатите. Напротив, да имаме решение коешто секоја година ќе важи и тоа во рамки на законот и Општиот колективен договор. Како што минималната плата расте по сила на закон и нема потреба повторно да се преговара, како што пензиите растат по сила на закон, така и со ова решение, рече Бесими.

Барањето на синдикатите просечната плата да се земе како основица, како што кажа Бесими, е прифатливо, но со временска дистанца. Во моментот, посочи, во Министерството за финансии се прават пресметките.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите

Бесими: Општествениот консензус можност за „економско чудо на Балканот“

Бесими: Со 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР, ЕУ и ИПА го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија