Истрагата за масовното пукање во кое момче убиец на 13-годишна возраст, на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици, училишен чувар, а рани шест врсници и наставник, се уште е во тек, а според извор од овој случај се чекаат резултатите од вештачењето кои се клучни, известуваат српските медиуми.
– На вештачење се пиштол, телефон, компјутер, неговата гардероба, како и лични белешки како неговите тетратки, книгите што ги читал… Поентата е да се утврди на кого се јавил, што точно зборувал со луѓето со кои бил во контакт, дали се скарал со некого, дали имал симпатии, невозвратена љубов, зошто во најголем случај девојките му биле мета, дали некому му се заканувал, дали некој му се заканувал – вели извор од истрагата и додава:
– Компјутерот се чешла буквално до денот кога почнал да го користи. Затоа детално се истражува што гледал, што го интересирал… Се истражува и дали со татко му вежбал гаѓање на друго место освен на стрелиште. Се истражува и дали можеби некому најавил што ќе прави. Исто така, не се знае како момчето ја знаело шифрата на сефот на неговиот татко – изјавил извор од истрагата.
Инаку, на момчето му биле потребни околу 120 секунди да застрела 16 луѓе, за тоа време да смени чаури, да скокне низ прозорецот и да повика полиција.
Според информациите од истрагата, момчето во средата, на 3 мај, влегло во училиштето во 8 часот и 40 минути, а повикало полиција две минути подоцна, во 8 часот и 42 минути. Делото го извршил со пиштол ЦЗ99 кој го зел од татко му. По апсењето во неговиот ранец биле пронајдени уште еден пиштол и 4 молотови коктели. Крвавиот пир го започна со пет патрони.
Инаку, неговиот татко е осомничен дека го оставил оружјето необезбедено. На сите обвинувања на истражителите, таткото рече „не е виновен“.
Познатиот радиолог во својот стан во сефот имал 5 пушки и два пиштола.
Од 12-годишна возраст со татко му одел на познато стрелиште во Белград, а таму бил еден месец пред злосторството.
По апсењето малолетникот не покажал никакво каење. Беше ладен, а на полицијата наводно и кажал дека е „психопат кој треба да се смири“.
Момчето моментално се наоѓа на психијатриска клиника.
Почина девојчето кое беше рането во училиштето во Врачар, таа е 10-та жртва
Девојчето кое 12 дена се бореше за живот почина во понеделникот од повредите кои ги доби во страшната престрелка што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ кога момчето-убиец го изврши масакрот. Лекарите на УДЦ „Тиршова“ 12 дена правеле натчовечки напори да и го спасат животот. Таа е десетта жртва, а била на списокот што момчето го правел пред злосторството.
Таа била на „списокот“ со наводно уште 15 ученици од одделението во кое одело и момчето убиец. Сепак, на списокот што го направил 13-годишникот не биле сите ученици кои биле убиени или ранети.