ВИДЕО: Дојави за бомби во повеќе белградски училишта

Од:

Повеќе училишта во Белград утринава добиле дојава за поставена бомба утринава, соопштија за Танјуг од спрската полиција.

Како што наведуваат медиумите, припадници на антитерористичките единици на полицијата се на терен, а родителите биле известени дека децата остануваат дома.

Медиумите јавуваат дека дојави за бомби пристигнале во основното училиште „Дринка Павловиќ“ во центарот на Белград, ОУ „Васа Пелагиќ“ во Котеж и училиштето „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.

Покрај ова училиште, пријави за подметнати бомби добиле и од основното училиште „Браќа Барух“ во Дорчол, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“, „Вук Караџиќ“.

Исто така, во општина Обреновац утрово во 5 часот и 15 минути на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он