Путин и Зеленски дадоа „зелено светло“: Почнуваат мировни преговори

Од:

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека претседателите на Русија и Украина се согласиле да разговараат со делегација на африкански шефови на држави.

Ќе зборуваат за план за ставање крај на војната во Украина.

За време на викендот, Рамафоса телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои му рекоа дека ќе бидат домаќини на африканските лидери во Москва и во Киев.

Во мировната мисија, покрај Рамафоса, ќе бидат вклучени и претседателите на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда и Египет, соопшти кабинетот на шефот на Јужна Африка.

Во соопштението се наведува дека Путин и Зеленски дале зелено светло за почеток на подготовките за средбите, но без дополнителни информации за можните параметри на разговорите.

Зеленски претходно рече дека нема да размислува за мировен договор за ставање крај на војната додека руските сили целосно не се повлечат од украинската територија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е информиран за планираните состаноци на африканската делегација и ја поздравува иницијативата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски