Тринаесетгодишното момче во саботата вечер во градот Радоево со секира нападна мајка и син, а приведен е неговиот татко Л.К.(31).
На предлог на Основното јавно обвинителство во Кикинда, судот му одреди притвор до 30 дена на К.Л. од околината на Нова Црња, чиј 13-годишен син ноќта меѓу 13 и 14 мај рани две лица со секира и нож.
Осомничениот е сослушан на 15 мај во Обвинителството, по што му е одредена мерка притвор.
Таткото е осомничен за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице. Неговиот 13-годишен син со секира и нож ранил 57-годишна жена и нејзиниот 17-годишен син во населено место во околината на Нова Црна, нанесувајќи им сериозни повреди опасни по живот.
Според сегашните прописи, момчето не одговара кривично, бидејќи не наполнило 14 години.