МВР објави детали за убиството во Демир Капија

Од:

МВР информира дека демиркапијците кои изутрината беа најдени со прострелни рани во нивните домови се на возраст од 72 и 34 години.

– Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко