Во емисијата „Впечаток на неделата“ на српската телевизија Нова во живо се вклучи дедото на девојчето А.Б. кое беше убиено во основното училиште „Владислав Рибникар“, Слободан Радичевиќ и рече дека Вучиќ, Брнавиќ и Мали си поиграле со болката на семејствата на убиените.
„Прва загина, беше дежурна, почина со другарката и со чичко Драган кој бил со нив. „Тоа чудовиште втрча и прво јо уби мојата миленичка“, рече тој.
Радичевиќ во „впечаток на неделата“ рече дека претседателот ќе владее „долго, колку што ќе посака“ и гласаше за предлогот на „Впечаток„ за премиерката ана Брнабиќ која се сликаше со Вучиќ и со Мали и ја фотошопираше фотграфијата од нив тројца во деветмина.
„Гласам за овие тројца кербери кои се сликаа и ја преправија сликата во деветмина. Малку им беа три кербери, па направија девет. си погираа со нашата болка. Бев на протестот и не забележав ниту еден инцидент. Се изгледаше добро организирано, ако даде Бог и следниот петок ита да биде така“ вели тој коментирајќи го протестот „Србија против насилството“.