Турција две децении не видела избори како овој викенд. Реџеп Таип Ердоган ќе мора да оди во вториот круг од претседателските избори. За две недели противкандидат ќе му биде лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу.
Во меѓувреме, поради изборите, според еден коментатор на Твитер, браковите се распаѓаат. Низ социјалните мрежи забрзано се шири видео од интервјуер кој во еден момент очигледно прашува брачен пар за кого ќе гласаат на претстојните избори.
A case in Turkey…
Reporter: Who are you going to vote for?
Husband: Truly, for Erdogan!
Wife: Kilichdaroglu, of course! – prescribing bream to the faithful … pic.twitter.com/yRnPpa53se— Spriter (@Spriter99880) May 14, 2023
Сопругот на прашањето одговара: „За Ердоган, секако!“, а потоа изнервирана сопруга го следи, удирајќи го по грбот: „За Киличдароглу, секако!“
Во меѓувреме, повеќе од 1,5 милиони луѓе го погледнаа видеото на социјалните мрежи. “Развод! Поради ова ќе настане хаос во куќата…”, напишал еден од луѓето што коментираат. „Овој нема да вечера!“, заклучува друг.