Влада: Коалицијата е стабилна, нормално е да има различни мислења по одредени прашања

Од:

Владата е стабилна, а кај партнерите во коалицијата нормално е дека има различни мислења по одредени прашања и законски решенија, посочија денеска од Владата на брифинг со медиумите, коментирајќи ги повлекувањата или најавите за повлекувања од владината коалиција на помалите коалициони партнери.

Во однос на барањето на партијата „Достоинство“ од каде по неприфаќањето во Парламентот на законско решение за бранителите, не ја исклучија можноста да ја напуштат владејачката коалиција, појаснија дека за тој закон има проблем во усогласеноста со други закони и се обидуваат да најдат решение.

-Овде се работи за едно законско решение што го имаме разговарано со претседателот на „Достоинство“, меѓутоа таму постои одреден проблем на усогласеност со други закони. Се обидуваме да изнајдеме решение што ќе биде законски усогласено, бидејќи да изгласате закон што не е усогласен со други закони, на крај можете да направите проблем да не може да се реализира или да мора да се враќа назад одредено законско решение. Само од тие причини е, не е по некоја друга линија на соработка, посочија од Владата.

Во коментар на повлекувањето на Демократскиот сојуз наведоа дека очекувале такво нешто. – Не може вие да изградите кариера на правење конфликт со одреден сосед, па потоа да поддржите решение со кое што заедно со тој сосед ќе бидете дел од ЕУ. Значи, тоа е утопија, коментираат владини извори.

Повторија дека СДСМ прва застанала зад концептот на една изборна единица и оти претставникот на оваа партија во Комисијата за реформи на изборното законодавство има многу јасна насока дека може да разговара за една изборна единица.

-Јас сум поборник за отворени листи да може да си изберат граѓаните кого сакаат да го гласаат. Некои пратеници мислат дека треба ним лично да им се гарантира место во Парламентот па цел живот вработување да им биде член на Парламент, што не е во ред. Затоа мислам дека ако биде една изборна единица треба да бидат отворени листи и исто така да се разговара за прагот, бидејќи ако нема праг тогаш може да ви се случи деловни заедници да ви кандидираат пратеници. За прагот треба да се направат калкулации, а 3 до 4,5 проценти може да биде интересна бројка, вели висок владин функционер и истакнува дека кога ќе се подготвува изборниот законик треба да се имаат предвид сите аспекти и тоа на крај да биде со консензус.

За можноста за одржување во ист термин на претседателските и парламентарните избори истакнуваат дека тие ќе се одржат како што е предвидено со тековните законски решенија и оти така практикуваат и други држави.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада