Турција оди во вториот круг на изборите откако Тајип Ердоган има водство пред неговиот ривал, но не доволно за потребното мнозинство. Ниту Ердоган ниту кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу не добија 50 отсто и повторно ќе се соочат на 28 мај.
Но, кој е Киличдароглу (74), лидерот на опозицијата кој сака да го собори Реџеп Таип Ердоган? Тој се опиша себеси како поранешен државен службеник и поранешен сметководител кој води „скромен живот како неговиот народ“. Киличдароглу сега е на чело на шестпартиската опозициска коалиција и работи на тоа да ја добие корист на маргинализираната курдска заедница.
Освен што вети нова социјалдемократска ера, тој изјави дека ќе депортира милиони сириски и авганистански бегалци кои живеат во Турција. Кога го прашаa како има намера да го усогласи ова ветување со желбата на Турција да се приклучи на Европската унија, тој рече дека може да се обрати до ЕУ или дури и до Обединетите нации за поддршка.
„Не го сметам тоа за расизам. Кога ќе дојдеме на власт, ќе седнеме, ќе разговараме со легитимната администрација во Сирија и ќе најдеме решение за овој проблем“, речe лидерот на турската опозиција, пренесува „Гардијан“.
Киличдароглу вети враќање на економската политика и парламентарната демократија. Тој вети и враќање на независноста на судството. Ако стане претседател, еден од најголемите предизвици на Киличдароглу ќе биде внимателно балансирање во односите меѓу Русија и Киев.